Драмата нема крај: Мерцедес поднесе две жалби за победата на Ферстапен во Абу Даби

Макс Ферстапен и Ред Бул ја прославуваат титулата во Формула 1, но во Мерцедес не се помируваат со поразот во последниот круг во драматичната завршница на трката во Абу Даби.

Последните информации говорат дека тимот на Мерцедес поднел две официјални жалби до ФИА, во обид да го промени конечниот исход на трката.

Жалбите се однесуваат на одлуката во последниот круг да биде дозволено претркување, откако претходните четири круга минаа со сигурносно возило на патеката откако Николас Латифи излета и со болидот се удри во заштитната ограда.

Стјуардите најпрвин донесоа одлука да нема претркување до крајот, но истата нешто подоцна беше променета, сигурносното возило се повлече, а Ферстапен го мина Хамилтон во последниот круг и ја освои титулата.

Мерцедес поднесе две жалби- првата против Макс Ферстапен за „прекршување на член от 48.8 од правилникот на Формула 1“, и против конечниот пласман, за „прекршување на членот 48.12 од правилникот на Формула 1“.

Се вчитува...