Драматична битка за последното место во НБА плеј-офот (ВИДЕО)

Четири екипи од Западната конференција се во игра за последното преостанато место во НБА плеј-офот. До крајот од доигрувањето на скратената сезона во Орландо, екипите имаат уште по два натпревара, а во конкуренција за последната, осма позиција на Запад која води во разигрувањето се Мемфис, Портланд, Сан Антонио и Феникс. Во моментов Мемфис е на осмото место.

Сан Антонио со гостинската победа над Њу Орлеанс од 113-122  си ги задржа минималните шанси за обезбедување плеј-оф. Торонто немаше разбирање за потребите на Мемфис па го совлада во дуелот кој ја отвори недалната програма со 108-99, а Портланд славеше над Филаделфија со 124-121. Сепак Мемфис и покрај поразот останува пред Портланд на табелата бидејќи имаа еден пораз помалку (38), двата тима имаат по 33 победи.

Овие два тиме се и реално во трка за осмото место со оглед дека Сан Антонио и Феникс имаат теоретски шанси, но далеку послаби можности за палсман во разигрувањето бидејќи се на по 31 победа и ќе треба да ги добијат двата дуела до крајот, а Мемфис и Портланд за загубат се до крај.

Во значајната победа на Портланд, Демијан Лилард имаше клучна улога. Постигна 51 поен и дојде до петтиот нтпревар сезонава на кој забележува 50 плус поени.

Се вчитува...