Драматична завршница: Дури четири селекции од екс-СФРЈ би можеле на СП 2022 во Катар!

Повеќе од драматична завршница на квалификациите за СП 2022 за четири репрезентации од регионот. Дури четири национални селекции од поранешна СФРЈ – Македонија, Србија, Хрватска и БиХ би можеле да учествуваат на престојниот Мундијал во Катар, а се ќе се знае овој викенд.

Хрватска и Србија со победи во последните квалификациски натпревари обезбедуваат директен пласман на СП 2022, а Македонија и БиХ со триумф во последното коло ќе обезбедат пак бараж за Мундијал.

Лудата завршница почнува денеска од 15 часот во Зеница каде БиХ треба да ја победи Финска за да во последното коло во вторник само и со реми против Украина ќе обезбеди бараж. Во случај на реми со Финците, БиХ тогаш ќе мора да победи против Украина во последното коло.

Утре, пак, Хрватска ќе мора да ја победи Русија за директен пласман на Светското првенство.

Од 20:45 часот утре и Србија ќе го има клучниот натпревар, но на гостински терен против Португалија. На северниот сосед му е неопходна исклучиво победа, затоа што Португалците поради подобрата гол-разлика и со бод ќе одат на Мундијал.

За Македонија е сосема кристална ситуација. Со победа сама си ја крои судбината, и ќе биде второпласирана зад Германија за место во бараж. При секој друг резултат, тогаш ќе мора да ја чекаме разврската од мечот во Вадуц меѓу Лихтенштајн и Романија.

Се вчитува...