Манчестер Сити го победи Арсенал со 2:1 во големото дерби од 33-то коло од Премиер лигата и целосно се врати во борбата за шампионската титула.
Сити поведе во 16-тата минута со голот на Рајан Черки , само за Каи Хаверц да израмни две минути подоцна по катастрофалната грешка на Џанлуиџи Донарума.
Откако Арсенал пропушти две неверојатни шанси и ја погоди стативата, голот на Ерлинг Халанд во 64-тата минута му донесе голема победа на Сити, кој сега има реални шанси сензационално да ја освои титулата. За потсетување, Сити заостануваше девет бода зад Арсенал на почетокот на месецот.
Тимот на Пеп Гвардиола сега има три бода, но и натпревар помалку од Арсенал (против Кристал Палас) и има предност од еден гол во гол-разликата. Ова е првиот критериум за одредување на пласманот во случај на еднаков број бодови. После тоа, се гледа бројот на постигнати голови, потоа односот меѓусебни средби итн.
34. коло
Барнли – Манчестер Сити
Арсенал – Њукасл
35. коло:
Арсенал – Фулам
Евертон – Манчестер Сити
36. коло:
Манчестер Сити – Брентфорд
Вест Хем – Арсенал
37. коло:
Арсенал – Барнли
Борнмут – Манчестер Сити
31. коло (ОДЛОЖЕН МЕЧ)
Манчестер Сити – Кристал Палас (22. мај)
38. коло:
Кристал Палас – Арсенал
Манчестер Сити – Астон Вила
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
