Драматични сцени се случија пред портите на стадионот „Ацтека“ пред натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка. Еден од навивачите доживеа срцев удар, а голем број други имаа и здравствени проблеми.
Еден од навивачите на селекцијата на Мексико доживеа срцев удар непосредно пред почетокот на натпреварот од 1. коло од Групата А против Јужна Африка на Светското првенство.
Несреќниот човек бил на пат кон натпреварот, стигнал до влезот, а потоа доживеал срцев удар. Лекарите брзо реагирале, а драматичните сцени биле снимени со камера.
Навивачот е итно префрлен во болница. Засега нема информации за неговата здравствена состојба.
ВНИМАНИЕ: ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО!
#Ahora |
En la puerta 1 del Estadio Ciudad de México, una persona sufrió un paro cardíaco y ya fue trasladado al hospital de Cardiología. #Video 🎥👇🏽 pic.twitter.com/HYnHazYIGb
— JORGE BECERRIL JB/8 (@MrElDiablo8) June 11, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
