Драматично писмо на Тијаго Алкантара до навивачите на Баерн Минхен (ФОТО)

Трансферот од  Баерн Минхен во Ливерпул му била најтешката одлука во животот. Вака вели Тијаго Алкантара кој од европскиот фудбалски шампион во кој мина седум години потпиша договор со Ливерпул. Кај актуелниот англиски првак Алкантара ќе остане во следните четири сезони. По трансферот, Шпанецот им напиша писмо на навивачите на Баерн Минхен.

„Решив да го затворам поглавјето во овој неверојатен клуб. Клубот во кој пораснав и во кој се развивав како играч во овие седум години. Најгорд сум на тоа што во Минхен пристигнав како младо момче полно со соништа, а си заминувам како комплетно исполнет играч кој се идентификува со клубот, историјата, филозофијата, јазикот, културата. Мојата одлука е од чисто спортски причини“  – напиша меѓу другото Алкантара.

 

Се вчитува...