Реал Мадрид ја доби драмата во главниот град на Шпанија откако славеше со 70-69 над Фенербахче. Гостите речиси 35. минути го контролираа мечот, а кралскиот клуб на крајот се радуваше на двата бода благодарение на мирната рака на Порие од линијата за слободни фрлања.
Макаби Тел Авив славеше со 77-73 во дуелот со Панатинаикос откако во финишот на мечот одолеа на налетот на грчкиот состав. Израелците во последната четвртина имаа и предност од 20 поени (64-44), но прераното опуштање го искористија „зелените“ кои во финишот стигнаа и до негатива од само еден напад.
Драмата во Милано пак и припадна на Олимпија која во неизвесен меч славеше со 73-72 над Асвел. Херојот на Италијанците беше Девон Хол кој во тројка на 25 секунди пред крајот донесе водство за својот тим, а иститот резултат остана и по истекот на времето.
Devon Hall that is CLUTCH 🤯
The @OlimpiaMI1936 man took the three to win his side the game in spectacular fashion! #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/vMbDzZXEV1
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) October 21, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА