Тренерот на Ливерпул, Арнсе Слот ќе се впушти во длабок „рез“ во екипата откако неговиот тим игра разочарувачка сезона. Иако се чинеше дека Холанѓанецот ќе добие отказ од клупата откако тимот ќе остане без титула во оваа сезона, сепак, извесно е дека тој ќе ја предводи екипата и следниот шампионат.
Така тој веќе почнува да влече драстични потези, со цел екипата да се врати на старите победнички патеки. Според информациите од Англија, тој ќе протера две ѕвезди од „Енфилд“ и ќе им ја покаже излезната врата.
Слот потроши половина милијарда евра за нови играчи минатата година, а ова лето би можел да потроши повеќе. Веќе е јасно дека Енди Робертсон и Мохамед Салах ќе си заминат на крајот на сезоната, а истото веројатно ќе се случи и со голманот Алисон Бекер и со стоперот Ибрахима Конате.
Слот според англиските медиуми се откажува и од двајца играчи кои имаат актуелни договори. Едниот е Кертис Џонс на кого повеќе Слот не смета, а вториот е стандарниот играч Алексис Мекалистер. Тој има договор до 2028 година, но најверојатно Ливерпул ќе ја прифати понудата од Реал Мадрид за негова продажба, со оглед дека стручњакот на му рекол дека нема да смета на него идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
