Дрејмонд Грин ја предводи најдобрата дефанзивна петорка во НБА

Кошаркарот на Голден стејт вориорс, Дрејмонд Грин, ја предводи најдобрата дефанзивна петорка во НБА-лигата. За Грин ова е трета сезона по ред како е дел од најдобрите пет кога станува збор за играта во одбрана, а годинава на асот на „воините“ друштво му прават Каваи Ленард (Сан Антонио), Руди Гобер (Јута), Крис Пол (ЛА клиперс) и Патрик Беверли (Хјустон).

Во гласањето учествуваа 100 спортски новинари од САД, кои имаа право да изберат десет имиња, по пет за првата и втората петорка. Според нивните гласови, дел од втората петорка се Јанис Атетокунбо (Милвоки), Дени Грин (Сан Антонио), Тони Ален (Мемфис), Андре Робертсон (Оклахома сити) и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс).

Финалисти во изборот за најдобар дефанзивец на сезоната се Каваи Ленард, Руди Гобер и Дрејмонд Грин.

Се вчитува...