Дрес на Мајкл Џордан е продаден за повеќе од 12 милиони долари

Мајкл Џордан продолжува да соборува рекорди и да испишува историја по повеќе од две децении откако ја заврши кошарката. Дрес со неговото име е продаден на аукција за неверојатни 12.26 милиони долари.

Станува збор за дресот со број 23 на Чикаго булс кој го носеше Џордан во третиот натпревар од големото НБА-финале против Јута џез кој се играше на 7 јуни 1998 година. Чикаго на тој меч ја декласира Јута со 96:54, а Џордан постигна 24 поени.

Дресот беше продаден на аукцијата која ја организираше аукциската куќа „Јопитер“ и стана најскапопродаден дрес на некој НБА играч во историјата.

Овој дрес има дополнителна вредност бидејќи е од последната сезона на Џордан во Чикаго кога дојде до шестата шампионска титула.

Претходната рекордна продажба на НБА дрес исто така е на Џордан и тоа од првиот финален натпревар против Јута во 1998 година кој е продаден за 10.1 милиони долари во 2022 година.

 

Се вчитува...