Иако ниту актуелната сезона е далеку од својот крај, фудбалските екипи веќе на големо работат на презентацијата на дресовите за следната сезона.
Од ден за ден добиваме изглед на дресовите на многу европски гиганти, а денеска е открие и новиот дрес на Јувентус. Тој изгледа фантастично. Вратени се препознатливите црно-бели линии на дресот, а покрај нив се наоѓаат златни линии со кои ќе бидат обележани производителот на спортска опрема и грбот на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА