Дресот на Пандев од 100. настап за Македонија на аукција за помош во борбата со Covid-19 (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев го стави на аукција јубилјениот дрес од 100. настап во националните бои. Дресот од натпреварот против Летонија ќе биде понуден на аукција, од која средствата собрани ќе бидат донирани за болницата „8 септември“ во Скопје.

Тој со ова се приклучи на акцијата на фудбалските ѕвезди во Европа кои ги ставаат своите дресови на аукција како помош во борбата со коронавирусот.

„Ова е мојот дрес од националниот тим на мечот Македонија – Летонија. Тоа за мене беше 100-ти натпревар во репрезентацијата“, вели Пандев.

 

Се вчитува...