Дресот на Вембањама со кој дебитираше во НБА продаден за луда сума

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама веќе го запиша своето име во историските алманаси на НБА лигата, иако за „постигнување“ што го постигна надвор од теренот.

Поточно, тоа му го овозможи непознато за јавноста (засега) лице кое на аукција го купи дресот на „дебитантот“ на Сан Антонио за неверојатни 762.000 долари.

Времето ќе покаже дали овој човек е луд или само има добра смисла за биснис, кога и дали Вембањама ќе го постигне она што му го предвидуваат експертите. Тогаш, можеби, неговиот дрес ќе има многу поголема вредност.

Инаку, почетната цена за дресот на Вембањама беше меѓу 80.000 и 120.000 долари, а на крајот стигна до неверојатната сума за која беше продаден.

Се вчитува...