Македонија доби уште еден делегат на листата на УЕФА за натпреварите под капата на европската куќа на фудбалот, по официјалниот прием во Нион.
Нов делегат од Македонија на листата на УЕФА, е Дрилон Ганиу, актуелниот заменик генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија.
„Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ за безрезервната поддршка за остварување на оваа цел“ – истакна Дрилон Ганиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА