Дрим-тим на Вардар: Шишкарев пред Чупиќ, Раул пред Парондо…

Периодот на карантин и застој во спортот е добредојден за различни анализи, па така со денови наназад се избираат и дрим-тимови за последните дваесетина години на најдобрите европски клубови. Како двократен европски првак во последните три сезони, дојде ред и на Вардар, македонскиот шампион во чии редови во последните години минаа бројни врвни ракометари.

Голман на овој дрим-тим е Арпад Штербик, а крилните позиции се резервирани за Дибиров и за Шишкарев, кој доби предност пред Иван Чупиќ, стрелецот на победничкиот гол при првата европска круна во Келн. За капитенот Столе Стоилов оправдано е резервирано место на пивотменската улога, а на бековските позиции се најдоа Криштопанс, Карачиќ и Циндриќ, кој доби предност пред Сташ Скубе.

Илија Абутовиќ апсолутно заслужено е избран за најдобар дефанзивец, а во тешката дилема за тренер на годината Раул Гонзалес доби предност пред Парондо, иако овој вториот стигна до титулата со значително ослабен тим и во многу потешки услови, во период на огромни долгови кон него и кон ракометарите.

Се вчитува...