Кошаркарската репрезентација на САД запиша убедлива победа над Порторико од 104-81 во третото коло од групната фаза на Летните Олимписки Игри 2024, продолжувајќи како првопласирана во следната рунда натпревари.
„Дрим-тимот“ имаше проблеми само во воведните десет минути по кои губеше со 25-29, но потоа лесно се справи со Порториканците, и покрај тоа што резултатски имаше загубено две четвртини.
Ентони Едвардс заврши со 26 постигнати поени, пред Џоел Ембид со 15 поени, додека Кевин Дурант постигна 11 поени. Двоцифрени беа уште и Леброн Џејмс, Џејсон Тејтум и Ентони Дејвис, сите дадоа по десет поени. Кај Порторико, Хозе Алварадо заврши со 18 поени.
За втората позиција групата вечерва во директен дуел ќе одлучуваат Србија и Јужен Судан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА