Дрис Мертенс ќе го засили Монако

Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс сака да замине од Наполи оваа зима, а најблиску до неговиот потпис е францускиот прволигаш Монако. Раководството на „кнезовите“ му понуди двегодишен договор според кој би заработувал 5 милиони евра по сезона.

Монако во моментот е на деветтата позиција на табелата со 29 бода, но заостанува само седум бода зад третопласираниот Рен. Мертенс треба да биде едно од клучните засилувања на новиот тренер Роберто Морено во походот кон горниот дел од табелата.

Мертенс беше во преговори и со Интер и Јувентус, имаше понуди и од Кина и од МЛС – лигата на САД, но Монако засега е во пол – позиција за негов ангажман.

Се вчитува...