Дрис Мертенс одби уште една понуда од Наполи

Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс одби да го продолжи договорот со Наполи. По ова јасно е дека тој ќе замине во јануари, со оглед дека неговиот актуелен договор завршува на крајот од сезоната. Отштетната клаузула во моментот изнесува 10 милиони евра и најзаинтересиран за неговите услуги е Интер.

Но, според информациите од Апенините, раководството на Наполи нема така лесно да се откаже од намерата да го здржи Мертенс. Преговорите ќе продолжат и во наредните денови, а крилниот играч сака тригодишен договор и годишна плата од 4 милиони евра.

Мертенс дојде на „Сан Паоло“ во 2013 година и има постигнато 118 гола во дресот на „наполитанците“, а во мај ќе наполни 33 години.

Се вчитува...