Дрита Ислами најслаба во квалификациите на 400 метри со пречки

Најдобрата македонска атлетичарка, Дрита Ислами, имаше најслабо време во квалификациите на 400 метри со пречки на Европското атлетско првенство во Берлин. Ислами постигна време од 1.02.23 минута што беше далеку послабо од нејзиното најдобро време на оваа делница (59.33). Ислами трчаше во втората квалификациска група и беше единствената што имаше резултат над една минута.

Од трите трки во квалификациите, по три најдобри атлетичарки минаа во полуфиналето, а уште три обезбедија пласман според резултат.

Вториот наш претставик на Европското првенство во Берлин, Дарио Ивановски, утре ќе се појави во квалификациите на 1.500 метри.

Се вчитува...