Дробаров и Петров, нови аквизиции на Беласица

Новиот прволигаш Беласица се засили со уште две нови имиња во финишот на летниот преоден рок. Нови фудбалери на тимот се дефанзивецот Влатко Дробаров, кој се враќа во македонскиот фудбал по епизодата во Арис Лимасол. Тој во минатото има настапувано и во ФК Банатс од Ерменија, Мурчелагос од Мексико, како и ФК Скопје, Тетекс и Напредок.

Покрај Дробаров, ново име во таборот на Беласица е српскиот интернационалец Немања Петров. Тој доаѓа од Раднички Пирот и игра на десната крилна позиција.

Беласица по првите три кола се наоѓа на последната позиција на табелата во Првата лига без ниту еден бод и три порази.

Се вчитува...