Дрогришки е замената за Ончев во Охрид

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Дрогришки е првото засилување за Охрид во пресрет на плејоф натпреварувањето. Овој ракометар пристигнува како засилување за бековската линија на охриѓани, на местото на Тоше Ончев, кој по тешката повреда на коленото предвреме го раскина договорот со охриѓани.

Дрогришки потпиша договор на една и пол сезона и сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Горан Андоновски во борбата за што подобар пласман во плејофот.

Дрогришки доаѓа по една и пол сезона мината во ГРК Тиквеш 2014, а пред тоа има настапувано за Еурофарм, Металург и за Пелистер.

Се вчитува...