Другото лице на Мајкл Џордан: Загуби пет милиони за една вечер, бараше 15.000 долари од обожавател

Мајкл Џордан е најдобар кошаркар на сите времиња, но документарниот филм „Последниот танц“ го покажува и неговото друго лице, пред се околу однесувањето во приватниот живот. По неколку емитувани епизоди се откриваат и други детали, од негови блиски соработници или од книги пишувани за Џордан, говорејќи за лошите навики на големиот кошаркарски ас.

Соиграчите откриваат дека тој бил опседнат со победување, инсистирајќи да се обложува за се и сешто за време на тренинзите. Кога ја завршил кариерата влоговите се зголемиле, па Џордан во една вечер загубил дури пет милиони долари во казино во Лас Вегас.

Тој во моменти на нерасположеност лошо се однесувал и кон своите фанови, па на една приватна забава одбил да се фотографира со раперот Шамилионер. Потоа американскиот музичар разочарано порачал дека залудно потрошил 7.000 долари за негов дрес, на што Џордан му одговорил: Знаеш што, сега дај ми 15.000 долари, а јас ќе ти дадам дрес, па може и да се сликаме.

Тој му бил и „советник за врски“ на Тајгер Вудс, американскиот голфер што ја изневерувал сопругата со над 100 жени. За лошото влијание на Џордан над Вудс во книгата „Тагер Вудс“ говореше адвокатот Џон Мерчант, близок пријател на голферот.

„Мајкл може да игра кошарка најдобро од сите во светот. Но, Мајкл Џордан не е добар за ништо друго. За ништо. Тој долго време е во јавноста и секогаш ќе најде начин да ве искористи“, обвинува Мерчант.

Се вчитува...