Друловиќ: Македонија е обединет и скромен тим, не случајно покажа дека е незгоден противник

Екс-електорот на македонската фудбалска репрезентација, српскиот фудбалер Љубинко Друловиќ даде свој коментар за сензацијата на Македонија во Плаермо.

Легендарниот фудбалер со младнците на Србија стана европски првак (до 19 години), а најголем дел од кариерата ја мина во Португалија и сега е помошник на српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси.

Друловиќ за португалските медиуми им порача на Португалците да не мислат дека лесна задача е финалната пресметка за муднијалската виза со Македонија, потенцирајќи дека станува збор за исклучително незгоден тим, чија најголема предност е страшната мотивација и неверојатниот тимски дух.

„Македонија над сѐ е многу обединет, скромен тим со огромна кохезија, тим што работи напорно и тим кој има неверојатно силен тимски дух. И не само тоа, имаат доста квалитет и искуство, имаат фудбалери кои играат во шпанското, италијанското првенство, плус многу добра поврзаност со селекторот, кој ги знае одлично. Македонија не е светска велесила, ама за секоја селекција е многу незгоден ривал, ептен ‘тврд орев’. Особено опасни на контранапади, имаат брза транзиција, знаат да ја искористат брзината на офанзивците“, изјави Друловиќ.

Се вчитува...