Држеа социјална дистанца, не им се приближија на ривалите, па загубија со 0-37

Кога на семафорот на фудбалски стадион ќе видите конечен резултат 37-0 прво што паѓа на ум е „местенка“. Сепак, на дуелот на германските нисколигаши Рипдорф и Холденштет не стануваше збор за такво нешто, туку за страв од корона, поради што фудбалерите на Рипдорф во текот на 90-те минути ниту еднаш не се приближиле до своите противници стравувајќи од вирусот Covid-19.

Проблемот беше во тоа што Холденштед во минатото коло играл со Еделсдорф, а пред неколку дена биле обелоденети случаи на Covid-19 во оваа екипа. Сепак, тестирањето во 11. лига на Германија не е задолжително, ниту еден од играчите на Холденштед не покажал симптоми, па и покрај барањето за одложување од страна на домаќините, федерацијата донела одлука дека мечот мора да се одигра.

„Ако не се појавевме на терен, ќе бевме ригорозно финансиски казнети. Затоа моравме да играме, но кога веќе се појавивме на терен, настојувавме да избегнеме секаков контакт. Не ни беше грижа за конечниот резултат, мислевме само на нашето здравје“, порачаа од таборот на Рипдорф.

Се вчитува...