Дубаи доби зелено светло за влез во Евролигата

Акционерите на Евролигата се согласија да доделат „специјална покана“ за Дубаи и се очекува тимот од Обединетите Арапски Емирати најверојатно од сезоната 2025/26 да биде дел од елитното европско клупско натпреварување.

Со месеци се зборува за влез на клуб од Емиратите во натпреварувањето, а со Дубаи, сигурно, доаѓаат многу пари.

Ова беше првиот суштински и важен чекор, но ќе треба да се договорат уште многу за Дубаи покрај тимот да обезбеди финансиски средства и за Евролигата.

Засега, младинската екипа која ќе учествува во АБА лигата веќе започна со работа, а луѓето кои го водат проектот за влез на тимот на ОАЕ во Евролигата  го подготвуват теренот за формирање на сениор тим и постепен влез во европската елита…

Се вчитува...