Дубаи со Александар Ѓорѓевиќ како тренер ќе игра во АБА лигата!?

Искусниот српски стратег Александар Ѓорѓевиќ би можел да биде тренер на новиот клуб во АБА лигата, Дубаи, кој од следната сезона ќе биде новајлија во регионалното натпреварување.

Ѓорѓевиќ во моментов е селектор на Кина, но богатите Арапи веруваат дека може да го привлечат, откако и официјално до крајот на следната недела ќе биде потпишан договорот со АБА лигата. Според најавите, сопственици на Дубаи ќе мораат да исплатат одредена отштета на кинеската кошаркарска федерација за предвремен раскин на соработката со селекторот.

Најголемиот успех во тренерската кариера на Ѓорѓевиќ е сребрениот медал на Светското првенство во 2014 година како селектор на Србија, а досега беше тренер и на Олимпија Милано, Панатинаикос, Бенетон, Фенербахче, Баерн Минхен и Виртус Болоња.

Се вчитува...