„Дудуци“ и против Дуделанж… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкендија уште еднаш ги разочара своите навивачи со нов неочекуван пораз на европската сцена, овој пат од Дуделанж во 2. квалификациско коло од Лига Европа.

Наспроти фаворитската улога, тетовци не успеаја да стигнат до посакуваниот триумф. Но, наспроти тоа и дополнително разочараа со пораз кој ги оддалечува од пласманот во следната рунда натпревари. Факт е дека се уште постои надеж преку гостински реванш на кој ќе бидат неопходни најмалку два погодоци, но ако се погледнат игрите на тимот ова лето јасно е дека тимот на Ќатип Османи ќе има повеќе од тешка задача…

 

Се вчитува...