Натпреварот од деветтото коло во Првата Македонска фудбалска лига меѓу двете Шкендии, заврши без победник 1:1. Гостите од Тетово имаа водство во првиот дел, додека Шкендија Арачиново од пораз се спаси во второто полувреме.
Тетовските „црвено-црни“ поведоа со голот од пенал во 30-та минута на Ендрит Красничи откако голманот на домаќините со несмасна интервенција направи прекршок во сопствениот петерец.
Во вториот дел, домаќините успеаја на тешкиот терен на стадионот во Чаир да постигнат гол и да се спасат пораз.
Во 77-та минута, Симоновски по нафрлената топка беше побрз од гостинскиот голман Гаје и ја затресе мрежата на тетовци.
Шкендија Тетово останува лидер на табелата по девет кола со 20 освоени бодови, три повеќе од Струга која својот меч од ова коло против Башкими ќе го игра утре.
Шкендија Арачиново остана на петтата позиција со 14 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
