Дугари: „Мбапе се претвора во втор Нејмар, а тоа е лошо…“

Килијан Мбапе по победата на ПСЖ од 5-0 против Бриж во која постигна три гола искажа незадоволство од одлуката на тренерот Томас Тухел да го изостави од почетниот состав.

„Вистина е дека сакав да почнам од првата минута, и мислев дека тоа ќе се случи. Но, тренерот направи свој избор и мора да го прифатите. Сакав да покажам дека ќе биде тешко без мене. Сакам да се борам како би го задржал своето место во екипата“ – истакна Мбапе.

По оваа изјава на Мбапе, се огласи поранешниот репрезентативец на Франција, Кристоф Дугари.

„Тоа е навистина непромислена изјава. Можеби ќе бидам малку груб, но мислам дека Мбапе се претвара полека во Нејмар. Тоа го забележувам гледајќи од страна, и тоа е навистина лошо“ – истакна Дугари.

Се вчитува...