Дујшебаев не се согласува со Карачиќ и Вујовиќ – Ја поддржувам одлуката на ЕХФ

Одлуката ЕХФ да ги прогласи четирите најдобро пласирани екипи по групната фаза во Лигата на шампионите за учесници на фајнал-фор турнирот во Келн, предизвика голема бура во ракометна Европа. Според Веселин Вујовиќ и Игор Карачиќ не е во ред што е откажана целата нок-аут фаза, но за разлика од нив тренерот на Кијелце, Талант Дујшебаев вели дека ја оправдува одлуката на Европската ракометна федерација.

„Што и да одлучеа од ЕХФ ќе предизвикаше контроверзи. Мислам дека е фер да има фајнал-фор на кој ќе настапат најдобрите од групната фаза. Се соочуваме со глобална трагедија и во моментов најважно е да се спасат колку може повеќе животи“, изјави Талант Дујшебаев. 

Дујшебаев како тренер се радуваше на титулата во Лигата на шампионите, откако во 2016 година по епски пресврт неговиот Кијелце триумфираше над унгарскиот Веспрем.

Се вчитува...