Дуке и Хименез ја разгореа борбата за титулата со победите на вулканскиот остров

Колумбиецот Орландо Дуле го врати времето назад со вџашувачка победа во Сао Мигуел, престигнувајќи ги своите помлади ривали за да го освои врвот на табелата по пауза од четири години. Стивен Лобуе од САД и „брилијантниот Британец“ Гери Хант се најдоа веднаш зад легендата на овој спорт.

Скокајќи од природната површина на карпите Мексиканката Адријана Хименез се наметна во женска конкуренција благодарение на последниот спектакуларен скок кој што ја остави во водство пред Хелена Меретен од Австралија и Германката Ана Бадер.

Под блескавото сонце на португалскиот архипелаг, токму најискусниот спортист успеа да стигне до првиот победнички трофеј во Red Bull Cliff Diving по пауза од 27 настапи и на возраст од 42 години. Откако во 2016 година тој немаше ниту еден финиш на подиумот, на првиот настан од оваа година беше само 0,7 поени оддалечен од третото место во Ирска. Тука тој повторно изведе четири конзистентни нурнувања и го одбележа денот со највисокиот резултат од 346,50 поени.

Шампионот од 2009 година го совлада Лобуе со мала разлика, но главно беше дека рекордниот победник на ова натпреварување, Гери Хант, се соочи со големи проблеми при овогодишните скокови од карпите откако славеше минатите две години, па сега по првите две серии се најде на последното место. Со силен камбек од 27 метри височина, „брилијантниот Британец“ успеа да стигне до подиум и да остане водечки во генералниот пласман по две од предвидените шест натпреварувања.

Со деветтата победа во Red Bull Cliff Diving сега Дуке е втор на табелата со само 20 бода помалку, додека Англичанецот Блејк Олдриџ е трет. Мексиканката Хименез имаше скокови од 21 метар височина во кои сакаше да надомести за пропуштената шанса во Ирска кога мораше да се откаже. Таа е победничка на Светскиот куп на ФИНА и ги докажа своите вештини при скоковите од карпите и стигна до првата победа во 15 настапи, при што беше поздравена од речиси 1.000 гледачи кои се собраа на оваа локација. Хелена Мертен од Австралија го обезбеди второто место на подиумот благодарение на навистина спектакуларната изведба на скоковите од карпите, што и овозможи првенствено да биде во водство се до последниот скок. Искусната Ана Бадер од Германија го заокружи пласманот на пиедесталот со солиден настап, кој што беше прв по нејзиното породилно отсуство.

На табелата во женска конкуренција води 25-годишната Ријана Ајфленд, која што мораше да се задоволи со скромното петто место бидејќи настапуваше повредена. Четвртата позиција и припадна на Џинџер Хубер која се најде зад победничкото трио предводено од Хименез. Откако 22 спортисти прикажаа неверојатна форма во скоковите од карпите на единствениот ваков настан оваа година, како и од помошната платформа монтирана на вулканскиот архипелаг среде Атлантикот, натпреварувањето се сели во својот европски дом, во италијанското гратче Полињано а Маре, по само две седмици пауза.

Се вчитува...