Дупјачанец го спаси Металург од пораз во Бутел

Скопската ракометна пресметка меѓу Бутел и Металург заврши без победник, 23-23, исход од кој не може да се задоволни ниту едните ниту другите, со оглед на двата загубени бода во трката за излез во ракометна Европа. Даниел Дупјачанец беше херојот на „металурзите“ на овој дуел, бранејќи зицер во последните секунди со кој спречи нова пораз на својот тим.

Бутел подобро го почна мечот и поведе со 5-2, но Металург успеа да се врати, на одмор да замине со водство од 9-10. Вториот дел повторно мина во израмнета игра, гостите водеа со 17-19, но Бутел успеа да се врати и да го сврти резултатот во своја полза поведувајќи со 23-31 на седум минути до крајот. Сепак, тоа беше и последниот постигнат гол на домашните ракометари до крајот на мечот, откако во преостанатите седум минути „бутелци“ не најдоа начин да го совладаат одличниот Дупјачанец.

Металург исто така имаше два напади за победа, но Калуѓеровиќ имаше еден промашен шут и една загубена топка. Бутел имаше последни десет секунди да организира напад за триумф, се создаде зицер ситуација за Трифковиќ, но Дупјачанец успеа да го запре десниот бек на домаќините, со својата тринаесетта интервенција носејќи бод на Металург.

Хорват со осум и Серафимов со шест погодоци беа најефикасни кај Металург, додека најдобар поединец кај Бутел беше пивотот Јевтиќ со седум постигнати гола.

Се вчитува...