Дуплантис добива сериозна конкуренција, Гркот Каралис триумфира во Дијамантската Лига

Грчкиот атлетичар Емануил Каралис, ја оствари првата победа на митинзите во Дијамантската лига откако славеше на завршниот митинг кој се одржа во Брисел, со што за првпат стана шампион.

Фановите во Брисел останаа пократки за нова феноменална борба помеѓу двајцата одлични скокачи кои ги поместуваат границите, бидејќи актуелниот олимписки, светск и европски шампион, како и светски рекордер, Арманд Мондо Дуплантис, кој се повлече од натпреварувањето бидејќи на загревањето почувствува болка во ногата.

Отсуството на Дуплантис го искористи Каралис да триумфира во скок од 6.12 метри. Со овој скок, Каралис го собори рекордот на Митингот во Брисел кој изнесуваше 6.11 метри и до вчеравечер беше во сопственост на Дуплантис.

Ова не е најдобар скок на грчкиот атлетичар бидејќи неодамна прескокна 6.20 метри.

Светскиот рекорд кој е во сопственост на Дуплантис и изнесува 6.31 метри

 

 

Се вчитува...