Дурант: Бидете внимателни, останете во карантин, заедно ова ќе го пребродиме

Една од најголемите ѕвезди во НБА – лигата, Кевин Дурант, е позитивен на вирусот Covid-19. Откако беше повреден цела сезона, ова се нови проблеми за кошаркарскиот ас. Но, тој не зборуваше за себе, туку упати апел до американската нација.

„Бидете внимателни, грижете се за себе и за најблиските и останете во карантин. Ќе го пребродиме ова заедно“, изјави Дурант.

Тој ќе замине во карантин, истакнувајќи дека во моментот се чувствува добро и нема сериозни симптоми.

 

Се вчитува...