Дурант има свој фаворит за освојување на НБА лигата

Кевин Дурант даде прогноза за тоа кои два тима ќе се сретнат во финалната серија во НБА лигата. Во гостување на еден „подкаст“ Дурант изјави дека според него ќе гледаме финале меѓу ЛА Клиперс и Милвоки Бакс.

„Ако баш морам да изберам, а мразам да го правам тоа бидејќи не знаете што се може да се случи, се виде тоа и минатата година, но ако морам да бирам, тогаш прогнозирам финале Клиперс против Бакс. И мислам дека ќе победат Клиперс. Имаат голема длабочина во тимот…. Нивниот талент е неспорен. Ги имате Кавај и Пол на крилните позиции, а добри крила е тоа што ви треба за победа“, изјави Дурант. 

Иако неговиот Бруклин Нетс избори место во плеј-оф, Кевин Дурант поради повредата која ја заработи минатата година изјави дека ја пропушта сезонава и се подготвува за следната.

Се вчитува...