Дурант напиша твит за Јокиќ, па набрзо го избриша

Кошаркарите на Денвер Нагетс го вратија водството во финалната серија во НБА лигата (2-1) откако синоќа направија брејк на гостувањетот кај Мајами Хит со 94-109.

Брутална партија имаше неверојатниот Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, учинок со кој стана првиот кошаркар на кого во финална серија му успеало да има повеќе од 30 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Свое мислење за целиот натпревар даде и Кевин Дурант, кој го пофали Никола, но набрзо по објавата од непознати причини го избриша „твитот“.

„Мислам дека Јокиќ не сака да биде ѕвезда, ниту пак му е грижа да биде. Тој само сака да оди на работа, па да се врати дома, да разговара на „Facetime“ со коњите и да скокне во базенот“, изјави Дурант. 

Се вчитува...