„Дурант не си замина од Голден Стејт поради љубомора“

Кевин Дурант пристигна во Голден Стејт како суперѕвезда, но никогаш не ја презеде лидерската улога во тимот од Стеф Кари. Тоа придонесе и покрај освоените трофеи овој одличен кошаркар на крајот да си замине од таборот на „воините“, но тренерот Стив Кер смета дека љубомората не била причина за овој потег на Дурант.

„Кога ќе се вратам наназад, Кевин го оствари сето она за што дојде овде. Сакаше да биде шампион, стана шампион, освои две МВП-признанија во финалните серии и дојде до момент кога му беше потребен нов предизвик во кариерата. Имаше моменти кога наспроти квалитетите и игрите се чувствуваше запоставен од фановите, кои секогаш беа поприврзани за Стеф Кари, но не верувам дека Дурант го напушти нашиот тим поради љубомора“, истакна Кер.

Крвин Дурант по заминувањето ја прифати понудата на Бруклин, но се уште нема одиграно ниту еден меч за овој тим бидејќи се рехабилитира од тешката повреда на тетивата заработена во петтиот меч од финалната серија од НБА-лигата меѓу Голден Стејт и Торонто.

Се вчитува...