Дурант се сели во екипата на Хјустон

Главната ѕвезда на Феникс Санс, е пред промена на клубот ова лето, и веќе е пред сериозни преговори за преселба во редовите на Хјустон.

Феникс, според американските медиуми, веќе води активни преговори со пет тима за размена на Дурант, а најблиску до договор е со екипата на Хјустон.

Феникс активно преговара за размена на Дурант си со Мајами, Њујорк, Сан Антонио и Минесота, но се најавува дека веќе е постигнат договор со Хјустон кој ќе се заокружи и пред драфтот кој ќе се одржи на 25 јуни.

Се вчитува...