„Дурантула“ назад на терените порано од очекуваното

Се спомнуваше дека Кевин Дурант нема да заигра до крај на сезона, дури и ако неговиот тим стигне до големото финале, сепак репрезентативецот на САД се опоравува побрзо од очекуваното. Дурант дури може да се врати и пред почетокот на плеј-оф разигрувањата, што ги прави Голден Стејт повторно фаворити за освојување на трофејот.

Ова се одлични вести за Голден Стејт и навивачите на тимот од Оукленд, бидејќи Дурант пристигна тука со една цел да го освои својот прв прстен и титула во НБА лигата. Според информациите на Марк Стајн, Дурант би можел да се врати во сабота за мечот против Њу Орлеанс.

Се вчитува...