Кошаркарската репрезентација на Соединетите американски држави ги оправда очекувањата во првите два натпревари на Летните олимписки игри во Париз забележувајќи две убедливи триумфи над Србија и Јужен Судан со што го осиугра своето место во нокаут фазата.
Еден од позабежливите во тимот одново беше Кевин Дурaнт кој по блесокот над Србија реализираше 14 поени, 3 асистенции, 3 украдени топки и 2 скокови над Јужен Судан. Американската супер ѕвезда по средбата говореше за очекувањата на љубителите на кошаркарката овој „експидициски тим“ да се прошета до златниот медал со убедливи победи.
„Се е до оваа група на момци. Мислам дека имаме фантастичен тим тука. Првиот тим си ја заврши работата, поведовме со шест и осум предност на стартот и го наметнавме темпото. Мислам дека играме одлично како тим.
Луѓето од нас очекуваат големи победи, победи со по 30, 40 разлика, но нас ни е важно само да победиме. И победивме со просек од 20 поени по првите две средби? И тоа против добри тимови“, вели Дурaнт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА