„Дури 40 земји би можеле да ги бојкотираат ЛОИ во Париз поради Русија“

Полскиот министер за спорт и туризам, Камил Бортничук, рече дека дури 40 земји би можеле да ги бојкотираат следните Олимписки игри во Париз во 2024 година, доколку на Русија и Белорусија им се дозволи да се натпреваруваат.

Ботничук го изјави ова откако Полска, Литванија, Естонија и Летонија заеднички го отфрлија планот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат, јавува Би-Би-Си.

Украина најави дека ќе ги бојкотира Олимписките игри во Париз доколку тоа се случи. ИОК објави дека секоја забрана ќе биде само „казнување на спортистите“.

Бортничук рече дека верува оти би било можно да се изгради коалиција од 40 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД и Канада, за да се спротивстават на плановите на ИОК пред состанокот на 10. февруари.

„Со оглед на ова, мислам дека нема да се соочиме со тешки одлуки пред Олимпијадата и, ако ги бојкотираме Игрите, коалицијата во која ќе бидеме ќе биде доволно широка за да го направи одржувањето на Игрите бесмислено“, рече Ботничук.

Се вчитува...