Германските медиуми денеска соопштуваат дека на адреса на Борусија Дортмунд, пристигнале барања од дури 400.000 навивачи за финалниот меч во Лигата на шампоните кој ќе се игра на „Вембли“.
На најголемиот англиски стадион се очекуваат околу 86.000 гледачи да го следат финалниот меч, а на секоја од екипите им следува по 30% од капацитетот на стадионот, што значи дека околу 25.000 гледачи ќе има од секоја екипа, додека другите билети ќе ги добијат останатите ВИП личности и спонзори и гости на УЕФА.
Борусија Дортмунд важи за најпосетена екипа во Германија, но и пошироко. На нејзиниот стадион на секој меч има по 82.000 гледачи, а сезонските билети често се распродадени неколку години однапред. „Милионерите“ третпат во историјата ќе играат финале на Лигата на шампионите. Првиот пат во 1997 кога го освоија пехарот против Јувентус, а во 2013 година против Баерн Минхен исто така на „Вембли“ загубија со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА