Дури шест фудбалери на Џенова заразени со Ковид-19 играле против Наполи

И комплетниот тим на Наполи е во задолжителна изолација се до комплетирање на тестовите на Ковид-19, откако е потврдено дека дури шест фудбалери на Џенова заразени од коронавирусот настапиле на натпреварот од Серија А во неделата во Неапол.

Во текот на денов треба да биде познато и дали некој од редовите на Наполи е позитивен на Ковид-19, а играчите дополнително ќе бидат тестирани и на крајот од неделава.

Како што информираат италијанските медиуми, од вкупно 14 члена на Џенова кои се позитивни на коронавирусот, дури шест фудбалери играле на неделниот натпревар иако не се спомнуваат нивните имиња. Покрај голманот Матија Перин и Ласе Шоне, позитивни се уште осуммина фудбалери и четворица членови на стручниот штаб, но не и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, кој сепак е во задолжителна изолација во моментов.

Се вчитува...