Душан Влаховиќ пред трансфер во Челси

Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ одново се поврзува со трансфер во Челси кој воедно ќе го вклучи и Ромелу Лукаку кој се очекува да тргне во правец за Торино, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.

Англискиот и италијанскиот клуб веќе имаа сличен договор на масата, но тој не беше реализиран поради барањата на „старата дама“ за дополнителен финансиски надомест. Сега Јувентус е очаен, а Челси нема ништо против да се реши од услугите на Белгиецот и да го замени за седум години помладиот Србин.

 

Се вчитува...