Фудбалерот на Бешикташ и српски репрезентативец Душан Влаховиќ би можел да се соочи со сериозна казна од Фудбалската федерација на Турција по инцидентот на натпреварот против Фенербахче.
Влаховиќ беше апсолутен херој за навивачите на Бешикташ, бидејќи со гол во 73. минута му донесе победа на својот тим против Фенербахче во истанбулското дерби (2-1).
Сепак, натпреварот го одбележа и неговиот судир со словачкиот дефанзивец Милан Шкриниар.
Поранешниот фудбалер на Интер, со кого Влаховиќ имаше конфликти и во Серија А, агресивно го нападна српскиот напаѓач. Дојде до конфликт лице в лице, при што паднаа тешки зборови од двете страни, а имаше и туркање.
Соиграчите едвај успеаја да ги разделат, а потоа Влаховиќ наводно упати непристоен гест со рацете кон Словакот, што беше снимено од телевизиските камери.
Целиот случај е препратен до Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Турција, а според информациите од турските медиуми, српскиот напаѓач би можел да се соочи со казна од два до пет натпревари суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
