Душебаев го продолжи договорот со Кјелце до 2022 година

Поранешниот ракометар на Вардар, Алекс Душебаев го продолжи договорот со својот актуелен клуб, полскиот шампион Кјелце за нови две години.

Шпанецот во редовите на Кјелце пристигна во 2017 година, веднаш откако со Вардар ја освои европската шампионска титула, а потпишувајќи договор до 2020 година. Сега со клубот се договорија за продолжување на соработката до јуни 2022 година.

Како што е познато, тренер на Кјелце е таткото на Алекс, Талант Душебаев. Од Кјелце веднаш по постигнувањето на договорот истакнаа задоволство што дополнителни две сезони во своите редови ќе го имаат еден од најдобрите светски ракометари.

Се вчитува...