Душебајев: Имавме среќа што немаше публика, знам колку му е тешко на Вардар

Тренерот на Киелце, Талант Душебајев не го криеше задоволството од победата против Вардар во празниот „Јане Сандански“ на натпреварот од Лигата на шампионите.

„Победивме првпат во последните пет години тука против Вардар, и да бидам искрен имавме среќа затоа што немаше навивачи, тоа ни олесна. Мора да истакнам голема почит за Вардар, затоа што мислам дека е многу тешко и за тренерот и за тимот да имаат само три натпревари во Лигата на шампионите. Многу среќен што дојдовме до победа, се надевам дека кога следен пат ќе дојдеме во Скопје ќе играме во препознатливата пеколна атмосфера“ – истакна Душебајев по натпреварот со црвено-црните.

Се вчитува...