Душебајев: Историја со Вардар, сега и со Шпанија

Алекс Душебајев одигра многу значајна улога во одбранбената зона 5-1, имајќи голем придонес во триумфот во финалето и златниот медал на Шпанија на ова европско првенство. Едно од првите прашања што му беа поставени на Душебајев по големиот триумф беше компарација на двете титули освоени во изминатите седум месеци.

Секогаш сакам повеќе, тоа се однесува и на клупски и на репрезентативен план. Знам дека испишавме историја со Вардар, знам колку им значеше на Македонците. Сега истото е случај и со Шпанија, пресреќни сме поради овој голем успех. Финалето беше извонредно, нашата одбрана 5-1 го реши натпреварот. Арпад беше фантастичен и го свртевме натпреварот во наша полза“ – изјави Душебајев.

Се вчитува...