Душебајев се враќа на терените против Вардар

Кјелце ќе биде значително засилен за наредниот дел од сезоната откако Даниел Душебајев доби зелено светло од лекарскиот тим за да се врати на терените. Шпанскиот бек долго време беше „во аут“ откако ги скина лигаментите на коленото, но ја санираше повредата и му се стави на стручниот штаб предводен од неговиот татко Талант Душебајев.

Даниел Душебајев ќе се врати на терените на денешниот натпревар од домашното првенство против Квидзин и сигурно ќе биде значаен адут на полскиот првак во натамошниот дел од сезоната.

Се очекува Душебајев да се најде во тимот и за гостувањето во Скопје против Вардар, меч што ќе се игра на 9 ноември во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...