Душебајев за камбекот во Вардар: Бев многу задоволен таму, ќе видиме…

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Алекс Душебајев презеде одговорност во финишот од дуелот со Србија и беше меѓу најзаслужните што Шпанија го издржа завршниот налет на противникот и со триумф го почна настапот на овој европски шампионат.

Десниот бек беше расположен по победата, а во изјавата по мечот говореше и за шпекулациите околу можниот камбек во Вардар по завршувањето на оваа сезон.

„Задоволен сум што со победа го почнавме европското првенство. Треба да продолжиме вака. Имаме многу нови, млади играчи во тимот што треба да се воиграат. Треба да продолжме да се бориме вака и ќе бидеме задоволни на крајот. Вардар? Јас бев многу задоволен во овој клуб. Но, сега ситуацијата е поинаква, така што… ќе видиме“, изјави Алекс Душебајев.

Се вчитува...